Pour savoir comment COVID-19 a affecté nos activités commerciales, cliquez ici.

Kingston изјава за ограничена гаранција

Комплетните информации кои се однесуваат на гаранциите од Kingston се наведени подолу.. Можете брзо да преминете на одделот кајшто сакате така што ќе ја изберете темата која Ви е потребна од долната листа:

Kingston му гарантира на првобитниот краен корисник-купец дека неговите производи немаат недостаток во поглед на материјалот и квалитетот на изработката под условите и одредбите кој се наведени тука. Во согласност со условите и ограничувањата наведени подолу, Kingston, според сопствен избор, или ќе ги поправи или ќе ги замени деловите од неговиот производ за кои е докажано дека се дефектни поради лоша изработка или лоши материјали. Kingston ќе ги обезбеди поправените делови или заменетите производи врз основа на размена и тие ќе бидат или нови или со обновена потврда. Сите производи со обновена потврда се тестирани за да се утврди дека се функционално еквивалентни на новите производи. Ако Kingston не е во можност да го поправи или замени производот, ќе ги врати парите или ќе ја кредитира помалата вредност или од тековната вредност на производот во моментот кога е поднесено гарантното побарување или од набавната цена на производот. Мора да биде приложен доказ за купувањето кој го прикажува оригиналниот датум и местото на купување , како и описот и цената на производот.

Оваа ограничена гаранција не ги покрива оштетувањата на производот кои настанале поради неправилно инсталирање, незгода, злоупотреба, погрешна употреба, природна катастрофа, преслабо или прејако електрично напојување, абнормални механички услови или услови на околината, или поради неовластено расклопување, поправка или измени. Оваа ограничена гаранција не важи во следите случаи: (i) производот не бил користен во склад со придружното упатство или (ii) производот не бил користен во склад со неговата намена.

Оваа ограничена гаранција исто така се однесува на било кој производ кај кој оригиналните идентификациски информации биле изменети, избришани или отстранети, производ со кој не се ракувало правилно или кој не бил правилно спакуван, кој бил продаден како половен или бил препродаден спротивно на прописите на САД или други прописи кои се применуваат на извозот.

Оваа ограничена гаранција покрива само поправка, замена, враќање на парите или давање одобрение за дефектни производи на Kingston, како што е наведено погоре. Kingston не презема одговорност и не покрива со гаранција, штети или загуби што се резултат на загуба, штета или неисправна содржина или неисправни податоци или какви било трошоци поврзани со одредување на изворот на проблемите во системот или отстранување, сервисирање или инсталирање на производите на Kingston. Оваа гаранција не опфаќа софтвер од други производители, поврзана опрема или зачувани податоци. Затоа, Kingston is не е одговорен за било какви стварни или последични загуби или оштетувања кои се припишуваат на софтверот на трета страна, на приклучената опрема или на меморираните податоци. Во случај на побарување, единствена и максимална обврска на компанијата Kingston е го поправи или да го замени хардверот или да ги врати парите според сопствената дискреција.

Времетраење на гаранцијата

Гаранција на векот на траење на производот:**

Следните производи на Kingston се покриени со оваа гаранција во текот на векот на траење на производот:

Мемориски модули, вклучувајќи ValueRAM®, HyperX®, Server Premier, стандардна меморија и Kingston меморија специфична за системот; флеш мемориски картички (на пр. Secure Digital, Secure Digital HC и XC, CompactFlash, MultiMediaCard, SmartMedia, со исклучок на Industrial Temp микро SD картички, High Endurance микро SD картички (SDCE) и Bali microSDHC Class 10 UHS-1) и флеш адаптери.

Петгодишна гаранција:

Со оваа гаранција се опфатени следниве Kingston производи во период од пет годинни од датумот на купување од страна на оригиналниот краен корисник: USB DataTraveler® драјвови (освен DataTraveler® Workspace), Design-In Client DRAM (“CBD”), IronKey® USB драјвови, и SSDNow® KC100 (Solid State Drives) и Industrial Temp microSD картички.

Петгодишна условна гаранција на SSD-то:

The Следите Kingston производи се покриени со оваа гаранција за еден од следните периоди, зависно од тоа што ќе дојде прво: (i) пет (5) години од датумот на купувањето што го направил првобитниот краен корисник; (ii) кога употребата на SATA SSD измерена со имплементацијата на Kingston на SMART aтрибутот 231, означен како „Преостанат век на траење на SSD -то“ не ја достигне нормализираната вредност од еден (1), како што навел SDD менаџерот на Kingston („KSM“), или (iii) кога употребата на NVME SSD, како што е наведено со Kingston-овата имплементацијата на Здравствениот атрибут „Употребени проценти“ не ја достигне или не ја надмине нормализираната вредност од сто (100), како што навел KSM.

Kingston SSD менаџерот (KSM) е наведен во техничкиот лист на производот и е достапен преку веб-страницата на Kingston: www.kingston.com/SSDmanager. За SATA SSD-еата, нов некористен производ ќе го покаже преостанатиот век на траење од (100), додека производот којшто го достигнал својот гарантен лимит, ќе покаже преостанат век на траење од еден (1) За NVMe SSD-еа, новиот некористен производ ќе покаже Употребени проценти во вредност 0, додека производот којшто го достигнал својот гарантен лимит, ќе покаже Употребени проценти во вредност поголема или еднаква на сто (100).

Ве молиме погледнете ја следната табела на гаранции за SSD во врска со информациите за гаранција која се однесува на специфичен производ.

Табела на петгодишна условна гаранција (SATA SSD)
Семејство од диск единицаБрој на делот
DC500 SEDC500xxx
DC400 SEDC400S37xxx
DC450R SEDC450Rxxx
KC400 SKC400S37xxx
KC600 SKC600xxx
M.2 SATA G2 SM2280S3G2xxx
UV500 SUV500xxx
Табела на петгодишна условна гаранција (NVME SSD)
Семејство од диск единицаБрој на делот
A1000 SA1000M8xxx
DC1000B SEDC1000BMBxxx
DCP1000* SEDC1000Hxxx*
KC1000 SKC1000xxx
KC2000 SKC2000xxx
DC1000M SEDC1000Mxxx

Тригодишна гаранција:

Следните производи на Kingston се покриени со оваа гаранција во период од три години од денот на купувањето што го направил оригиналниот корисник-купувач: Data Traveler 2000 и овие избрани SSDS се наведени на следната табела table:

Табела на тригодишна гаранција (SATA SSD)
Семејство од диск единицаБрој на делот
E50 SE50S37xxx
E100 SE100S37xxx
Hyper X Fury SHFxxx
Hyper X Predator SHPM2280P2xxx
Hyper X Savage SHSS37Axxx
KC300 SKC300S37Axxx
KC310 SKC310S37Axxx
KC380 SKC380S3xxx
M.2 SATA SM2280S3xxx
MS200 MS200S3xxx
V300 SV300S37Axxx
V310 SV310S3xxx

Тригодишна условна гаранција на SSD:

The Следите Kingston производи се покриени со оваа гаранција за еден од следните периоди, зависно од тоа што ќе дојде прво: (i) три години од датумот на купување од страна на првобитниот краен корисник; (ii) кога употребата SATA SSD според мерењето на Kingstonовата имплементација на SMART атрибутот 231, означена како „Преостанат век на трање на SSD-то“, ќе достигне нормализирана вредност од еден (1) како што има наведено SSD менаџерот на Kingston („KSM“); или (iii) кога употребата на NVME SSD според мерењето на Kingston-овата имплементација на Здравствениот атрибут „Преостанат век на траење“ не ја достигне или надмине нормализираната вредност од сто (100), како што има наведено KSM.

KSM е наведен во техничкиот лист на производот и е достапен преку веб-страницата на Kingston www.kingston.com/SSDmanager. За SATA SSD-еата, нов некористен производ ќе го покаже преостанатиот век на траење од (100), додека производот којшто го достигнал својот гарантен лимит, ќе покаже преостанат век на траење од еден (1). За NVMe SSD-еа, новиот некористен производ ќе покаже Употребени проценти во вредност 0, додека производот којшто го достигнал својот гарантен лимит, ќе покаже Употребени проценти во вредност поголема или еднаква на сто (100).

Ве молиме погледнете ја следната табела на гаранции за SSD во врска со информациите за гаранција која се однесува на специфичен производ.

Табела на тригодишна условна гаранција (SATA SSD)
Семејство од диск единицаБрој на делот
A400 SA400S37xxx
Hyper X Fury RGB SHFR200xxx
Q500 SQ500S37xxx
UV300 SUV300S37Axxx
UV400 SUV400S37xxx

Двегодишна гаранција:

Следните Kingston производи се покриени со оваа гаранција во период од две години од денот на купувањето што го направил првобитниот краен корисник-купувач: SSDNow® S200/30GB, SSDNow® SMS200/30GB, DataTraveler® Workspace, DataTraveler® Bolt Duo, MobileLite® Wireless - Gen 3, MobileLite® Wireless - Gen 2, MobileLite® читач, читач на микро SD картичка, High Endurance микро SD картичка (SDCE), HyperX™ Cloud слушалки (со исклучок на сите бесплатни промотивни артикли коишто се вклучени во пакетот),HyperX™ подлоги за глувчиња, Nucleum™, HyperX™ тастатури, HyperX™ глувчиња, ChargePlay™ Duo и производи опфатени во програмата на Kingston за приватно лого. Производите од програмата Private Logo на Kingston имаат ограничено кредитирање или враќање на парите во текот на двегодишниот гарантен период. Во некои случаи, Kingston може по свое мислење да избере да ги замени неисправните производи нарачани преку програмата на Kingston за приватно лого со функционално еквивалентни производи.

Едногодишна гаранција:

Следните Kingston производи се покриени со оваа гаранција во период од една година од денот на купувањето што го направил првобитниот краен корисник-купувач: MobileLite® Wireless - Gen 1, DataTraveler® додатен прибор, Wi-Drive®, TravelLite® SD/MMC читач, Bali microSDHC Class 10 UHS-1. , HyperX Orbit Series слушалки и HyperX™ вентилатор.

Шестмесечна гаранција:

Следните Kingston производи се покриени со оваа гаранција во период од шест месеци од датумот на купување што го направил првобитниот краен корисник-купувач: HyperX™ Cloud, Core и Cloud II прибор за слушалки кој се состои од одвоиви микрофини, продолжетоци за слушалки, контролни кутии, двојни продолжителни кабли од 3,5 мм, продолжителни кабли за компјутер, каблови за разделник за слушалки, адаптери за слушалки во режим на летање и мрежести торби за носење.

Гаранција од деведесет дена:

Следните Kingston производи се покриени со оваа гаранција во период од деведесет дена од датумот на купувањето што го направил пробитниот краен корисник-купувач: HyperX™ слушалки со обновен сертификат.

Доколку производот повеќе не се произведува, Kingston може по сопствено мислење или да го поправи производот, да понуди замена со соодветен производ или да обезбеди враќање на парите во износ којшто е помал од продажната цена или од моменталната вредност на производот.

Поправениот или заменетиот производ ќе остане покриен со оваа ограничена гаранција во текот на преостанатиот гарантен рок или во период од деведесет (90) дена, зависно од тоа кој период е подолг.

Оваа ограничена гаранција може да ја примени само првобитниот краен корисник-купувач и подлежи на условите и барањата наведени овде. Оваа ограничена гаранција не е пренослива. За производи што се купени како дел од опрема, потребно е да се врати целата опрема за да можат истите да бидат подобни за гаранција.

Бесплатна техничка поддршка

Доколку наидете на тешкотии во текот на инсталирањето или последователната употреба на производите Kingston, можете да се обратите до одделението за техничка поддршка на компанијата Kingston пред да го сервисирате системот.

За поддршка преку Интернет, посетете ја kingston.com/support.

На своите корисници ширум светот, Kingston исто така им пружа бесплатна техничка поддршка на англиски.

Соединетите Американски Држави и Канада:

Со техничката поддршка на Kingston за Соединетите Американски Држави и Канада можете директно да контактирате со јавување на:
+1 (714) 435-2639 или на бесплатната телефонска линија: +1 (800) 435-0640.

Европа, Блискиот Исток и Африка:

Kingston техничката поддршка во Европа, на Блискиот Исток и во Африка, со исклучок на земјите кои се посебно наведени, може да се контактира со повикување на +44 (0) 1932 738888; а за телефонски броеви чие повикување се наплаќа по национална тарифа, посетете ја www.kingston.com/en/company/contacts.

Азија:

За Техничката поддршка во Азија, посетете ги долните веб-страници:
За производи на Kingston, посетете ја https://www.kingston.com/en/support
За производи на HyperX product, посетете ја https://www.hyperxgaming.com/en/support

Русија, Белорусија:

Контактирајте со техничката служба Kingston во Русија: [email protected] или бесплатниот број за Руската Федерација, 8 (800) 700-1350.

Украина:

Контактирајте со техничката служба во Украина: [email protected]

Земјите на Цантрална Азија и Кафказ, Молдавија:

Контактирајте со техничката служба Kingston за земјите CIS: [email protected]

Постапки и услови за остварување на правото на гаранција

За да го остварите правото на гаранција, можете да го вратите расипаниот производ во продавницата во која сте го купиле, кај овластениот продавач на производи на Kingston или кај дистрибутерот од којшто сте го купиле производот Kingston. Ве молиме да ги проверите условите од политиките за негово враќање пред да го вратите производот. Вообичаено, мора да ги вклучите и информациите за идентификација на производот, меѓу другото и бројот на моделот и серискиот број (ако е можно) со детален опис на проблемот што го имате. Од вас ќе биде побарано да обезбедите доказ за купувањето. Сите вратени делови или производи, доколку се заменети или рефундирани, по приемот ќе станат сопственост на компанијата Kingston. Поправениот или заменетиот производ ќе биде испорачан на трошок на Kingston. Во онаа мерка колку што тоа го дозволуваат важечките закони,производите кои не се увезени или продадени преку овластени продавачи или дистрибутери на компанијата Kingston, не се покриени со оваа гаранција, a Kingston може да избере дали ќе Ви го поправи или ќе Ви го замени производот, со надоместок. Ова служи да се обезбеди серификат за квалитетот. За достапна гаранција, контактирајте со продавачот од којшто сте ги купиле таквите производи.

Соединетите Американски Држави:

Во Соединетите Држави, производот можете да го вратите директно во сервисниот центар на Kingston откако од Kingston првин ќе добиете број на овластувањето за враќање на производот („ОВП“). RMA број може да се добие на адресата kingston.com/us/support или со повикување на корисничкиот сервис на Kingston на бројот +1 (714) 438-1810 или +1 (800) 337-3719. За враќање на ValueRAM мемориски производи, контактирајте ја техничката поддршка на бројот +1 (800) 435-0640 за RMA услуги и поддршка.

Штом ќе добиете ОВП број од компанијата Kingston, производот мора да го испратите на адреса Kingston Technology Company, Inc., Customer Service, 17665-A Newhope Street, Fountain Valley, CA 92708 U.S.A., во рок од триесет (30) дена. Вие ги преземате трошоците за осигурувањето и отпремувањето на вратените производи. Производите кои се испраќаат во сервисниот центар мора да бидат правилно спакувани за да се спречи оштетување во текот на транспортот. Бројот ОВП („RMA“) на Kingston мора да биде прикажан и истакнат од надворешната страна од пакетот. Ако го испратите Вашиот производ до сервисниот центар без да го имате истакнато ОВП (RMA) бројот од надворешната страна од пакетот, истиот ќе Ви биде вратен неотпакуван.

Европа, Блискиот Исток и Африка:

Во Европа, на Блискиот Исток и во Африка, доколку производот не можете да го вратите на местото кадешто првобитно сте го купиле или кај дистрибутерот од којшто сте го купиле производот Kingston, производот можете да го вратите директно во сервисниот центар на Kingston откако првин ќе добиете број на Овластувањето за враќање на производот (RMA) од компанијата Kingston. ОВП број се добива на адресата kingston.com/en/support. Под одредени околности, можеби ќе Ви побараме доказ за купувањето.

Штом ќе добиете ОВП (RMA) број од компанијата Kingston, производот мора да го испратите на адресата Kingston Technology Europe Co LLP, Kingston Court, Brooklands Close, Sunbury on Thames, Middlesex, TW16 7EP, U.K., во рок од триесет (30) дена. Вие ги преземате трошоците за осигурувањето и отпремувањето на вратениот производ(и). Производот мора да биде правилно спакуван за да се спречи оштетување при транспортот. Бројот ОВП („RMA“) на Kingston мора да биде прикажан и истакнат од надворешната страна од пакетот. Ако не го истакнете ОВП (RMA) бројот, пакетот ќе Ви биде вратен неотпакуван.

Азија:

Во Азија, наведете го регионот во кој се наоѓате. На Тајван, расипаниот производ можете да го вратите кај локалниот дистрибутер или во сервисниот центар, или можете да пополните онлајн апликација. Посетете ја https://www.kingston.com/tw/support/tw-rma-apply. Во Кина, можете да поднесете барање за број ОВП („RMA“) преку овластениот дистрибутер или преку овластениот сервисен центар. За листа на сервисни центри во Кина, посетете ја https://www.kingston.com/cn/support/china/center.

Штом ќе добиете ОВП (RMA) од компанијата Kingston, производот мора да го испратите на адреса Kingston Technology Far East Corp., 4F., No. 8, Kedung 3rd Road, Chunan, Miaoli, Taiwan 35053, R.O.C., во рок од триесет (30) дена. Вие ги преземате трошоците за осигурувањето и отпремувањето на вратениот производ. Производите кои се испраќаат во сервисниот центар мора да бидат правилно спакувани за да се спречи оштетување во текот на транспортот. Бројот ОВП („RMA“) на Kingston мора да биде прикажан и истакнат од надворешната страна од пакетот. Ако го испратите Вашиот производ до сервисниот центар без да го имате истакнато ОВП (RMA) бројот од надворешната страна од пакетот, истиот ќе Ви биде вратен неотпакуван.

Во сите останати земји на Азија, контактирајте со локалниот дистрибутер или продавач за да добиете број за овластување за враќање на производот („RMA“).

ИЗЈАВА ЗА ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

ВО ОНАА МЕРКА КОЛКУ ШТО ТОА ГО ДОЗВОЛУВА ВАЖЕЧКИОТ ЗАКОН, ОВА ШТО СЛЕДИ Е КОМПЛЕТНА ГАРАНЦИЈА ЗА KINGSTON ПРОИЗВОДИТЕ И ГИ УКИНУВА СИТЕ ДРУГИ ГАРАНЦИИ И ПРЕТСТАВУВАЊА, СЕЕДНО ДАЛИ СЕ ДАДЕНИ УСНО ИЛИ ПИСМЕНО. ЗА ПРОИЗВОДИТЕ НА KINGSTON НЕ СЕ ДАВААТ ДРУГИ ГАРАНЦИИ ОСВЕН ОНИЕ ШТО СЕ ЈАСНО НАВЕДЕНИ ПОГОРЕ И KINGSTON НЕДВОМИСЛЕНО ГИ ОДРЕКУВА СИТЕ ГАРАНЦИИ ШТО НЕ СЕ НАВЕДЕНИ ТУКА, ВКЛУЧИТЕЛНО ДО СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ВАЖЕЧКИТЕ ЗАКОНИ, КАКВИ БИЛО ГАРАНЦИИ КОИ ШТО МОЖЕ ДА ПОСТОЈАТ СПОРЕД НЕКОЈ НАЦИОНАЛЕН, ДРЖАВЕН, ПРОВИНЦИСКИ ИЛИ ЛОКАЛЕН ЗАКОН, МЕЃУ ДРУГОТО И ГАРАНЦИИ ШТО СЕ ПОДРАЗБИРААТ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАКОНИТЕ, КОМЕРЦИЈАЛНА ВРЕДНОСТ ИЛИ СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА. СИТЕ ГАРАНЦИИ, БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ СЕ ЈАСНИ ИЛИ СЕ ПОДРАЗБИРААТ, СЕ ОГРАНИЧЕНИ НА ВРЕМЕНСКИ ПЕРИОДИ КАКО ШТО Е НАВЕДЕНО ПОГОРЕ. ОДРЕДЕНИ ДРЖАВИ ИЛИ ДРУГИ НАДЛЕЖНИ СИСТЕМИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ОДЗЕМАЊЕ НА ПРАВОТО НА ГАРАНЦИИТЕ ШТО СЕ ПОДРАЗБИРААТ ИЛИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ВРЕМЕТРАЊЕТО НА ГАРАНЦИИТЕ ШТО СЕ ПОДРАЗБИРААТ, ЗАТОА ОГРАНИЧУВАЊАТА НАВЕДЕНИ ПОГОРЕ МОЖЕ ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ВАС.

KINGSTON ПРОИЗВОДИТЕ НЕ СЕ ОВЛАСТЕНИ ЗА КОРИСТЕЊЕ КАКО КЛУЧНИ КОМПОНЕНТИ НА ОПРЕМА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЖИВОТ ИЛИ ЗА ПРИМЕНА ВО КОЈА ДЕФЕКТОТ ИЛИ НЕИСПРАВНОСТА НА ПРОИЗВОДИТЕ МОЖЕ ДА ДОВЕДАТ ДО СИТУАЦИЈА СО ВЕРОЈАТНИ ТЕЛЕСНИ ПОВРЕДИ НА ЛИЦА ИЛИ ДО СМРТЕН ИСХОД. KINGSTON НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН ЗА СМРТТА НА БИЛО КОЕ ЛИЦЕ ИЛИ ЗА БИЛО КАКВА ЗАГУБА ИЛИ ОШТЕТУВАЊЕ НА ИМОТОТ ИЛИ ПОВРЕДА НА ЛИЦА НАСТАНАТА СО УПОТРЕБАТА НА ПРОИЗВОДОТ , ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊА, ПРИМЕНИ ВО ВОЈСКА ИЛИ ВОЕНА ОПРЕМА, ОПРЕМА ЗА КОНТРОЛА НА СОБРАЌАЈОТ, ВО СИСТЕМИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД КАТАСТРОФИ ИЛИ ВО МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА.

ВКУПНАТА ОДГОВОРНОСТ НА KINGSTON ПОД ОВАА ИЛИ ПОД КОЈА И ДА БИЛО ДРУГ ГАРАНЦИЈА, ИЗРИЧНА ИЛИ ИМПЛИЦИРАНА, Е ОГРАНИЧЕНА НА ПОПРАВКА, ЗАМЕНА ИЛИ РЕФУНДИРАЊЕ. ПОПРАВКАТА, ЗАМЕНАТА ИЛИ РЕФУНДИРАЊЕТО СЕ ЕДИНСТВЕНИТЕ И ИСКЛУЧИВИТЕ ПРАВНИ ЛЕКОВИ ЗА НАРУШУВАЊЕ НА ГАРАНЦИЈАТА ИЛИ БИЛО КОЈА ДРУГА ПРАВНА ТЕОРИЈА. KINGSTON, ДО НАЈВИСОК СТЕПЕН ДОЗВОЛЕН СО ВАЖЕЧКИТЕ ЗАКОНИ, НЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ КОН КУПУВАЧОТ ИЛИ КОН КРАЈНИОТ КОРИСНИК НА ПРОИЗВОДОТ НА KINGSTON ЗА КАКВА БИЛО ШТЕТА, ТРОШОЦИ, ИЗГУБЕНИ ПОДАТОЦИ, ИЗГУБЕНИ ПРИХОДИ, ИЗГУБЕНИ ЗАШТЕДИ, ИЗГУБЕНИ ДОБИВКИ ИЛИ КАКВИ БИЛО ДРУГИ СЛУЧАЈНИ ИЛИ ИНДИРЕКТНИ ЗАГУБИ ШТО ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД КУПУВАЊЕТО, УПОТРЕБАТА ИЛИ НЕМАЊЕТО МОЖНОСТ ДА СЕ КОРИСТИ ПРОИЗВОДОТ НА KINGSTON, ДУРИ И КОГА KINGSTON БИЛ ИЗВЕСТЕН ЗА МОЖНОСТА ОД ПОЈАВА НА ТАКВИТЕ ШТЕТИ. ОДРЕДЕНИ ДРЖАВИ ИЛИ ДРУГИ НАДЛЕЖНИ СИСТЕМИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА СЛУЧАЈНИ ИЛИ ИНДИРЕКТНИ ЗАГУБИ, ЗАТОА ОГРАНИЧУВАЊАТА ИЛИ ИСКЛУЧУВАЊАТА МОЖЕ ДА НЕ СЕ ОДНЕСУВААТ НА ВАС.

ОВАА ОГРАНИЧЕНА ГАРАНЦИЈА ВИ ДАВА СПЕЦИФИЧНИ ЗАКОНСКИ ПРАВА, А МОЖЕТЕ ДА ИМАТЕ И ДРУГИ ПРАВА КОИ СЕ РАЗЛИКУВААТ ОД ДРЖАВА ДО ДРЖАВА, ИЛИ ОД ЕДНА ЈУРИСДИКЦИЈА ДО ДРУГА.

ШТО СЕ ОДНЕСУВА ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО ИЛИ ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА, АКО ОВОЈ ПРОИЗВОД Е КУПЕН ОД СТРАНА НА ПОТРОШУВАЧ, А НЕ ДЕЛОВЕН КОРИСНИК, ОВАА ГАРАНЦИЈА Е ДОПОЛНЕНИЕ НА ВАШИТЕ ЗАКОНСКИ ПРАВА ШТО СЕ ОДНЕСУВААТ НА ДЕФЕКТНИ ПРОИЗВОДИ. СОВЕТИ ЗА ВАШИТЕ ЗАКОНСКИ ПРАВА МОЖЕТЕ ДА ДОБИЕТЕ ОД ВАШИОТ ЛОКАЛЕН ЦЕНТАР ЗА СОВЕТУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ. ОВАА ИЗЈАВА ЗА ОДРЕКУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ НЕМА ЗА ЦЕЛ ДА ЈА ОГРАНИЧИ ИЛИ ОТФРЛИ ОДГОВОРНОСТА НА KINGSTON ЗА СМРТ ИЛИ ПОВРЕДА ПРЕДИЗВИКАНИ ОД НЕГОВА НЕБРЕЖНОСТ ИЛИ ПОРАДИ ЛАЖНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ.

Оваа гаранција ја дава:

Kingston Technology Company, Inc.
17600 Newhope Street
Fountain Valley, CA 92708
U.S.A.

Интегрирани и DRAM компоненти

Погледнете ја изјавата за гаранција за Интегрирани и DRAM компоненти

Потрошувачи од Австралија:

Погледнете ја Изјавата за ограничена гаранција на Kingston во врска со информациите за гаранцијата за Австралија.

Ревизија: 05/2020

Претходни Гаранции

05/2013 - 02/2018
02/2018 - 10/2019
10/2019 - 05/2020

Restons en contact. Inscrivez-vous pour recevoir toutes les actualités Kingston.